Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, завчера избра претседатели на комисии. Сите министри во владата од редовите на оваа партија се избрани за први лица на партиските тела за областа за која се задолжени и во Кабинетот на премиерот Никола Груевски, освен министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е избрана на чело на Комисијата за политички систем.
Со Комисијата за антикорупција ќе раководи Ванчо Каргов, а за економијата, индустријата и рударството е задолжен Христојан Делев. Со партиското тело за стратешки прашања ќе раководи Мартин Протуѓер, а за наевладините организации одговорен ќе биде Диме Спасов.
Во составот на комисиите на ВМРО ДПМНЕ ќе членуваат истакнати професионалци, експерти, професори, припадници на академската средина и јавни личности, кои професионално имаат капацитет да допринесат во континуирано унапредување на политиките на ВМРО ДПМНЕ, во секоја од овие области.
Улогата на комисиите на ВМРО ДПМНЕ е во насока на размена на идеи, следење на светските трендови, примена на позитивни и ефективни политики, континуирано усогласување со политиките и регулативите на Европската унија и воспоставување на директен контакт со граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


