| четврток, 6 декември 2018 |

Свештеник проголтал кондоми со дрога

Колумбискиот свештеник Фабио Рокардо Родригез е уапсен поради шверц на дрога која ја „пренесувал“ во стомакот спакувана во 13 кондоми

31012013133639_svestenikПолициските службеници на аеродромот во Москва го забележале свештеникот поради тоа што изгледал болно и се однесува многу нервозно.

Веднаш потоа колумбискиот свештеник е однесен во болница , каде докторите при прегледите во неговиот стомак во неговиот желудник пронашле 13 кондоми наполнети со кокаин, уште пет пакетчиња кокаин се пронајдени во неговиот багаж.

Контроверзниот свештеник по апсењето изјавил дека мафијата го принудила на ваков шверц. Според руските закони колумбискиот свештеник може да заработи казна затвор од 10 до 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top