| четврток, 6 декември 2018 |

Што сѐ трпи Коби за да биде најдобар

Коби Брајант прави сѐ што е во негова моќ за да биде подготвен за почетокот на новата сезона во НБА.

Легендата на Лос Анѓелес Лејкерс повторно се реши за терапија „Ортокина“, која ќе му помогне коленото да му биде во што подобра форма пред почетокот на новата сезона во која сјајниот шутер ќе продолжи по статусот на најефикасниот играч во лигата.

За да го стигне рекордот на Карим Абдул Џабар, му недостигаат уште 7 илјади коша или уште три сезони во кои ќе си го задржи просекот од 30 коша по натпревар.

Овој зафат не изгледа баш пријатно, но Коби знае што му треба за да може да се бори на паркетот со младите играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top