Член 31, член 41 и член 42 од Изборниот законик јасно нагласува дека единствено Државната изборна комисија е надлежна за водење на избирачкиот список. Иако, со соопштение ДИК вчера се обиде да го амнестира првиот човек на Комисијата, Борис Кондарко, од одговорност, Изборниот законик е јасен дека исклучиво ДИК е надлежна за водење на избирачкиот список, со што се демантираат наводите дека некој друг орган, а не ДИК, е надлежен за тоа.
Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека за избегнувањето за прочистување на избирачкиот список е одговорен претседателот на ДИК, Борис Кондарко, и дека одложувањето на овој процес се прави свесно од страна на ДИК.
– Досега ДИК требаше трипати да го прочисти избирачкиот список, меѓутоа намерно го избегнува тоа со цел да ѝ послужи како алиби за слабите изборни резултати на СДСМ – изјави Груевски вчера, кој апелираше до претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и до претседателот на ДИК, Кондарко, веднаш да почнат со прочистување на изборниот список бидејќи Комисијата е надлежна за тоа.
Според член 41 од Изборниот законик, избирачкиот список го води Државната изборна комисија, што се потврдува и со членот 42.
– Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во избирачкиот список по службена должност врз основа на податоци од матичните книги, евиденцијата за живеалиште и за државјанство на Република Македонија, други службени евиденциии и со непосредно проверување, во членот 42 од Изборниот законик.
Членови на ДИК денеска го обвинија претседателот Кондарко дека од завршувањето на локаланите избори, тој воопшто не закажал седница или работен состанок на кој би се дискутирало за избирачкиот список, чие прочистување опозицијата постојано го споменува како услов за да излезе на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)