| четврток, 6 декември 2018 |

Лара очекува дете

Хрватската актерка Дорис Пинчиќ, кај нас позната по главната улица во серијата „Изборот на Лара“ е во третиот месец од бременоста. Таа и нејзиниот избраник Борис Рогозница се венчаа пред само еден месец во една задарската катедрала.

25-годишната Пинчиќ за хрватските медиуми открила дека досега се здебелила само 2 килограми и дека без проблеми ги завршува обврските. Таа за прв пат ќе стане мајка следната година во април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top