Перо Антиќ е подготвен за новиот предизвик, а НБА авантурата како специјално поглавје во кариерата на двојниот европски првак почнува ноќеска против шампионот Мајами хит во „Континентал Ерлајанс“ арена, секако во претсезонски натпревар.
Антиќ и германскиот кошаркар Денис Шредер беа специјални гости во НБА шоу, заедно со староседелците во Лигата, Џон Џенкинс и Мајк Скот. Македонскиот репрезентативец изјави дека за него сонот се исполнил со преселбата во НБА, во редовите на Атланта Хоукс и оти се надева дека достојно ќе ја претстави својата земја Македонија. Антиќ се надева дека во иднина и други негови сонародници ќе тргнат по неговите стапки и ќе играат во најсилната лига на светот.
Целото шоу погледнете го тука, со напомена дека натпреварот меѓу Мајами и Атланта ќе почне во 1,30 часот по полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)