| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Никовски: Разбивањето на Македонија е невозможно без нова балканска војна

nikovski

Македонија нема друга алтернатива освен да остане во процесот на преговори за името, но затоа паралелно може да бара тој предмет да се врати во Советот за безбедност. Амбасадорот од кариера Ристо Никовски, во интервјуто за Прес 24, вели дека во моментот е силен впечатокот дека процесот под медијаторство на Метју Нимиц е дефинитивно доведен во ќор-сокак.

– Време е официјално да му се обратиме на генералниот секретар на ООН, Бан Ки-Мун, и да го известиме дека процесот се потроши и не треба веќе да се губи време, кое е драгоцено за Македонија. Да побараме предметот да го врати во СБ на ООН со наше официјално барање и инсистирање да се донесе нова резолуција со која ќе се исфрли референцата и на државата ќе ѝ се врати уставното и историско име во светската организација, а тоа значи и за севкупна употреба – вели Никовски за „Прес24“. Тој смета дека македонско-грчкиот спор воопшто не е сличен со оној на Хрватсака и Словенија или, пак, српско-косовскиот и затоа Македонија не треба да инсистира на такво решение, кое во себе би го вклучувал Брисел како посредник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top