Македонија нема друга алтернатива освен да остане во процесот на преговори за името, но затоа паралелно може да бара тој предмет да се врати во Советот за безбедност. Амбасадорот од кариера Ристо Никовски, во интервјуто за Прес 24, вели дека во моментот е силен впечатокот дека процесот под медијаторство на Метју Нимиц е дефинитивно доведен во ќор-сокак.
– Време е официјално да му се обратиме на генералниот секретар на ООН, Бан Ки-Мун, и да го известиме дека процесот се потроши и не треба веќе да се губи време, кое е драгоцено за Македонија. Да побараме предметот да го врати во СБ на ООН со наше официјално барање и инсистирање да се донесе нова резолуција со која ќе се исфрли референцата и на државата ќе ѝ се врати уставното и историско име во светската организација, а тоа значи и за севкупна употреба – вели Никовски за „Прес24“. Тој смета дека македонско-грчкиот спор воопшто не е сличен со оној на Хрватсака и Словенија или, пак, српско-косовскиот и затоа Македонија не треба да инсистира на такво решение, кое во себе би го вклучувал Брисел како посредник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција