| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески домаќин на 45 почесни конзули во земјава

bakraceski

Градоначалникот Бакречески утре ќе биде домаќин на заедничката средба – работен ручек – со 45 почесни конзули на Република Македонија во странство кои истовремено се угледни бизнисмени и промотори на македонските економски интереси во своите земји.

На средбата пред конзулите ќе биде презентирана програмата за локален економски развој на Охрид, туристичките и индустриските капацитети со кои располага општината, како и можноста за промоција на Охрид во земјите од каде што доаѓаат почесните конзули.

Во разговорите е предвидено поблиско запознавање со актуелните состојби во Општината, потребата од забрзан економски развој и зголемување на финансиските и економските перформанси на Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top