Тинејџерот Аднан Јанузај блесна во дресот на Манчестер јунајтед и со два гола му донесе победа над Сандерленд викендов, а веднаш реагираше раководството на „црвените ѓаволи“ со понуда од 60 илјади фунти неделна плата. Јанузај има само 18 години и договор со Јунајтед што истекува за осум месеци. Со само 2-3 настапи за актуелниот шампион на Англија, момчето што е родено во Белгија го привлече вниманието на големите клубови.
Манчестер сака да се заштити од нападите на ривалите и му нуди на крилниот напаѓач огромна месечна плата, која изнесува над 280 илјади евра.
За Јанузај, кој е дете на родители со потекло од Косово, се води битка и на друг план, за чија репрезентација ќе настапува. Роден е во Белгија, но во игра се и Швајцарија и Албанија, па веројатно ќе бидат заинтересирани и на Косово ако таа селекција биде примени во ФИФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


