Италијанските медиуми со суперлативи ја оценија играта на Горан Пандев во победата на Наполи со 4-0 против Ливорно. Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол, а потоа прекрасно му асистираше на Калјехон за 3-0.
Спортскиот портал „calcionapoli24.it“ го посочи Пандев како главен актер на мечот и му даде највисока оценка 7,5 од сите фудбалери на победничкиот тим.
„Горан постигна гол од топ-класа во четвртата минута. Ударот со лева нога откосо на прв допир е мошне тежок, но не и за Пандев. Македонецот прикажа одлична игра, а интуицијата за фудбал ја презентираше со феноменалната асистенција до Калјехон за предност на Наполи од 3-0. Тој момент ја дефинира убавината на фудбалот“, пишува во анализата на мечот Лука Чирило.
„Супер Пандев“ е насловот на „Газета дело спорт“ во текстот посветен на победата на Наполи од 4-0.
„Горан Пандев со убав гол ја награди колективната игра и акција на Наполи. И повторно го покажа талентот за фудбал со магичната асистенција до Калјехон во 54. минута“, пишуваат новинарите на реномираниот весник.
И „calciomercato.com“ без многу дилеми го прогласи Пандев за играч на мечот на „Сан Паоло“ во Неапол доделувајќи му оценка 7, највисока од сите актери што истрчаа на теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“





