Јувентус го доби дербито на седмата рунда во Серија А против Милан со 3-2 и го задржа чекорот со лидерот Рома. Актуелниот шампион го надмина шокот што му го приреди Мунтари постигнувајќи експресен погодок по само деветнаесет секунди игра. „Старата дама“ имаше трпение да се врати во мечот, пред се благодарение на извонредниот Андреа Пирло.
Искусниот плејмејкер со еврогол од слободен удар израмни на 1-1, а потоа повторно ја презентираше извонредната техника и токму по неговиот обид од преку 25 метри од слободен удар, топката се одби од гредата, а Кјелини реагираше голгетерски и ја погоди празната мрежа зголемувајќи на 3-1. Претходно, Себастијан Џовинко го постигна најубавиот погодок намечот за 2-1. Со неколку дриблинзи резервистот на Јувентус ја „измеша“ одбраната на противникот и мајсторски го погоди голот на Абијати. Конечние 3-2 беа дело на Мунтари, кој два пати се запиша во листата на стрелците, но не успеа да му помогне на својот тим да стигне барем до бод во дербито.
Во вториот вечерашен натпревар Лацио и Фиорентина одиграа без голови, 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот


