| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем декласиран од Вест Хем, Арсенал се спаси од пораз против ВБА

Двата фаворити од Северен Лондон, Тотенхем и Арсенал не успеаја да забележат победи во денешните дуели од седмото коло во Премиерлигата. Изненадување приреди Вест Хем, екипа што го декласира Тотенхем со 3-0 на гости. Арсенал се спаси од пораз против Вест Брпмвич Албион и извлече реми 1-1, за враќање на врвот на табелата.

ВБА поведе со голот на Јакоб во првиот дел, а израмни Вилшер во продолжението. Арсенал не ја продолжи серијата од 10 победи во сите натпреварувања, но повтроно е лидер во Премиерлигата со 16 бодови, заедно со Ливерпул.

Со победа ќе им се приклучеше и Тотенхем, но наместо очекувани три бода, претрпеа пораз од Вест Хем со 0-3. Рид, Ваз Те и Морисон ја наполнија мрежата на Лорис, и тоа во последните 25 минути од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top