Четири години отако починал телото на еден 58-годишен маж е пронајдено пред три дена во неговиот стан во Дижон.
Како што пишуваат француските медиуми телото е пронајдено на 3 октомври, откако полицијата пристигнала да изврши судска одлука за негово протерување од станот, поради неплаќање на киријата.
Телото било пронајдено мумифицирано од страна на судскиот извршител и полицијата.
Никој не забележал дека поштата во неговото сандаче се насобрала од пред речиси четири години, бидејќи најстарото писмо кое не било подигнато е со печат од декември 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.