| четврток, 6 декември 2018 |

Расчистува ли Грција со фашизмот или само со Златна зора

Фа­ши­зо­ид­ни­те јав­ни ис­па­ди на Злат­на зо­ра, во нив­ни­от нај­су­ров об­лик - со фи­зич­ка прес­ме­тка со сѐ што би ја на­ру­ши­ло чи­ста­та на­ци­ја, поз­дра­ву­ва­ње со ви­со­ко кре­на­та ра­ка и со сим­бо­ли што по­тсе­ту­ва­ат на ку­ка­сти­от крст, не про­из­ле­гоа од еко­ном­ска­та не­ми­лост на сред­на­та кла­са, ка­ко што при­ка­жу­ва­ат ана­ли­ти­ча­ри­те. Злат­на зо­ра про­из­ле­зе од исто­то ме­сто од ка­де што се и про­по­ве­ди­те на со­лун­ски­от митрополит Ан­ти­мос или гор­до­ста при пе­е­ње на во­е­ни­те офи­ци­јал­ни мар­ше­ви за иско­ре­ну­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те, Ал­бан­ци­те, Тур­ци­те. „Лул­ка­та на де­мо­кра­ти­ја­та“ во таа ак­ци­ја до­пр­ва тре­ба да рас­чи­сти со сво­е­то ми­на­то вко­ре­не­то во оп­штес­тво­то

 Zlatna-Zora-Naci-1
Да би­де­ме искре­ни за мо­мент пред се­бе и пред дру­ги­те – ни­кој не ве­ру­ва де­ка Гр­ци­ја со ак­ци­ја­та про­тив Злат­на зо­ра ќе рас­чи­сти со фа­ши­зо­ид­ни­те по­ја­ви, дла­бо­ко вко­ре­не­ти кај на­ро­дот. Злат­на зо­ра, гле­да­но од ас­пект на со­сед, од ас­пект на лу­ѓе, ге­не­ра­ци­ски е ома­ло­ва­жу­ва­на и слу­же­ла ка­ко жи­во ме­со за грч­ко­то из­жи­ву­ва­ње, јав­на епи­зо­да, ле­сен ле­тен фе­сти­вал на се­ме­то што го крие во се­бе грч­ко­то оп­штес­тво.
До­кол­ку не­кој го тол­ку­ва по­и­на­ку по­сто­е­ње­то на Злат­на зо­ра, од­нос­но се по­ви­ку­ва на де­мо­кра­ти­ја­та и на по­ли­тич­ка­та на­у­ка, ка­де што се прет­по­ста­ву­ва и при­фа­ќа крај­на­та дес­ни­ца, во тој па­кет не вле­гу­ва­ат и од­не­су­ва­ња­та на грч­ка­та цр­ква, осо­бе­но во Со­лун, ка­ко и ин­сти­ту­ци­и­те, кои, всуш­ност, по­сто­јат за за­чу­ву­ва­ње на ди­вер­зи­те­тот во ед­на хар­мо­ни­ја пре­ку по­чи­ту­ва­ње на за­ко­ни­те – по­ли­ци­ја­та и вој­ска­та.
За­тоа е и ре­ак­ци­ја­та во бри­тан­ски­от вес­ник „Гар­ди­јан“, кој пи­шу­вај­ќи за ап­се­ња­та и за нај­а­ви­те на грч­ки­от пре­ми­ер Са­ма­рас де­ка ќе на­пра­ви сѐ што е по­треб­но за Злат­на зо­ра да ис­чез­не од по­ли­тич­ка­та кар­та на Гр­ци­ја.
„Ра­си­стич­ко­то на­силс­тво ста­на нор­мал­но се­којд­не­вие за мно­гу­ми­на, а судс­тво­то и по­ли­тич­ки­те вла­сти не по­ка­жу­ваа ин­те­рес за рас­чи­сту­ва­ње на овој проб­лем, кој по­втор­но ја истак­на го­ле­ма­та по­дел­ба во грч­ко­то оп­штес­тво, ко­ја по­стои ме­ѓу ле­ви­ца­та и дес­ни­ца­та уште од пер­и­о­дот на гра­ѓан­ска­та вој­на“, оце­ну­ва Гар­ди­јан.
Ова пра­ша­ње бе­ше и ме­ѓу глав­ни­те на пос­лед­но­то пар­ла­мен­тар­но со­бра­ние (ПС) на Со­ве­тот на Евро­па. Проб­ле­мот на рас­теч­ки­от фа­ши­зам и прет­ход­но бе­ше отво­ра­но, но без со­од­вет­но вни­ма­ние.
– Ше­фи­ца­та на грч­ка­та де­ле­га­ци­ја До­ра Ба­ко­ја­ни, ко­ја ги убе­ду­ва­ше дру­ги­те пра­те­ни­ци од ПС на Со­вет на Евро­па де­ка тоа не е тол­ку страш­но и дра­ма­тич­но, се­га, на оваа се­си­ја, ја по­фа­ли по­стап­ка­та на грч­ка­та Вла­да. Иа­ко тоа е за поз­дра­ву­ва­ње, во исто вре­ме, по не знам кој пат, тоа ја по­ка­жу­ва и дво­лич­но­ста на грч­ка­та по­ли­ти­ка, осо­бе­но над­во­реш­на­та – ве­ли Але­ксан­дар Ни­ко­ло­ски…
Целиот текст можете да го прочитате во новиот број на неделникот Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top