Да бидеме искрени за момент пред себе и пред другите – никој не верува дека Грција со акцијата против Златна зора ќе расчисти со фашизоидните појави, длабоко вкоренети кај народот. Златна зора, гледано од аспект на сосед, од аспект на луѓе, генерациски е омаловажувана и служела како живо месо за грчкото изживување, јавна епизода, лесен летен фестивал на семето што го крие во себе грчкото општество.
Доколку некој го толкува поинаку постоењето на Златна зора, односно се повикува на демократијата и на политичката наука, каде што се претпоставува и прифаќа крајната десница, во тој пакет не влегуваат и однесувањата на грчката црква, особено во Солун, како и институциите, кои, всушност, постојат за зачувување на диверзитетот во една хармонија преку почитување на законите – полицијата и војската.
Затоа е и реакцијата во британскиот весник „Гардијан“, кој пишувајќи за апсењата и за најавите на грчкиот премиер Самарас дека ќе направи сѐ што е потребно за Златна зора да исчезне од политичката карта на Грција.
„Расистичкото насилство стана нормално секојдневие за многумина, а судството и политичките власти не покажуваа интерес за расчистување на овој проблем, кој повторно ја истакна големата поделба во грчкото општество, која постои меѓу левицата и десницата уште од периодот на граѓанската војна“, оценува Гардијан.
Ова прашање беше и меѓу главните на последното парламентарно собрание (ПС) на Советот на Европа. Проблемот на растечкиот фашизам и претходно беше отворано, но без соодветно внимание.
– Шефицата на грчката делегација Дора Бакојани, која ги убедуваше другите пратеници од ПС на Совет на Европа дека тоа не е толку страшно и драматично, сега, на оваа сесија, ја пофали постапката на грчката Влада. Иако тоа е за поздравување, во исто време, по не знам кој пат, тоа ја покажува и дволичноста на грчката политика, особено надворешната – вели Александар Николоски…
Целиот текст можете да го прочитате во новиот број на неделникот Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција