| четврток, 6 декември 2018 |

Паркирањето во Центар бесплатно, паркинзите останаа без газда

parkinzi

Со ставањето надвор од функција на паркиралиштата со кои стопанисуваше претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), тие правно од завчера немаат субјект кој стопанисува со нив, што значи дека се бесплатни за сите граѓани што ќе ги остават возилата на тие локации. Тоа не се однесува на местата каде што има знаци на „Градски паркинг“, објави Дневник.

Од Градот не прецизираа рок до кога така ќе остане и дали во игра е нивно преземање од нивната фирма-ќерка „Градски паркинг“. Но и доколку тоа се случи, таквата одлука мора да помине на Советот на Скопје, орган, кој, меѓу другото, ги одобрува или ги отфрла цените за паркирање како предлог од Управниот одбор на „Градски паркинг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top