Носителите на групите за светското првенство во фудбал што се игра во 2014 година во Бразил, покрај домаќинот ќе бидат и седумте најдборо пласирани на ФИФА ранг листата. Како што најави ФИФА останатите шешири ќе бидат формирани по географските и резултатите од спортските критериуми. На последната ФИФА ранг листа од септември меѓу првите седум репрезентации се селекциите на Шпанија, Аргентина, Германија, Италија, Колумбија, Белгија и Уругвај. На осмото место се наоѓа селекцијата на Бразил. Светската куќа на фудбалот следната ранг листа ќе ја објави на 17 октомври, а ждребот за светското првенство ќе биде одржан на 6 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



