| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалничката низ солзи: Мртовци пловат насекаде! (ВИДЕО)

gradonacalnicka

Во четвртокот наутро во близина на островот Лампедуса во Италија се случи голема трагедија, кога брод со 500 африкански емигранти се запали, а потоа се преврте.

Спасени се 155 луѓе, а пронајдени се 111 тела, вклучувајќи и четири деца и 49 жени, а потрагата по останатите тела сѐ уште трае.

Денеска е прогласен за ден на жалост, а градоначалничката на Лампедуса, Ѓуси Николини, вчера низ солзи го опиша ужасот.

– Ова е ужасно, како гробишта. И уште ги носат. Мртовци пловат секаде… Хорор! Невозможно е да се опише со зборови со што се соочуваме – изјави Николини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top