
Грчките дипломати, новинари и научници, кои во последниве десетина години комуницираат со македонските партнери, исто како и најголем дел од меѓународните претставници, кои постојано доаѓаат во земјава и симболично ги местат своите часовници на пет до 12, постојано говорат дека единствената работа за која се преговара во ОН е замената на привременото име во светската организација. Нѐ гледаат в очи и ни велат дека треба да направиме компромис за подобра иднина на нашите деца. Да беше 16 век и Македонија да беше дел од амазонските џунгли, можеби, нивното однесување ќе беше логично, но во 21 век останува голема дилема дали сите тие се малоумни, дали мислат дека во Македонија живеат малоумни граѓани и политичари или сметаат дека од страв да не ни се распадне државата ќе ги прифатиме навредливите предлози со кои треба самите да се преименуваме.
Настрана од јавните изјави на грчките политичари и стручњаци, настрана од низата јавни пораки во кои официјални грчки претставници со години меѓу редови или подиректно ја проблематизираат македонската нација, еден стар документ на грчката држава, кој стана популарен во јавноста, најпрецизно ја формулира позицијата на грчкиот сосед за таканаречените идентитетски делови од спорот за името.
Ексамбасадорот Ристо Никовски за документот што со години стои на веб-сајтот на грчкото МНР, а кој на истиот ден кога грчкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата се среќаваше со македонскиот колега Попоски во Њујорк беше промовиран во дел од медиумите, вели дека е пресвртна точка во преговорите за името по која треба сериозно да се преиспита македонското учество во нив. Според него, по обелоденувањето на ставот на грчкото МНР и формално се потврдува што сакаат навистина Грците во спорот за името. Спорниот текст што има интенција на неутралните и неинформирани странци и Грци да им се објасни спорот за името, недвосмислено ја истакнуваат официјалната грчка позиција според која македонската нација е вештачка и фалсификувана творба.
Целата колумна на Горан Момироски можете да ја прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 4 октомври 2013)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


