| четврток, 6 декември 2018 |

Гр­ци­ја и офи­ци­јал­но не ја признава македонската нација

GREECE-MACEDONIA-UN-DIPLOMACY

Грч­ки­те дип­ло­ма­ти, но­ви­на­ри и на­уч­ни­ци, кои во пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни ко­му­ни­ци­ра­ат со ма­ке­дон­ски­те парт­не­ри, исто ка­ко и нај­го­лем дел од ме­ѓу­на­род­ни­те прет­став­ни­ци, кои по­сто­ја­но до­а­ѓа­ат во зем­ја­ва и сим­бо­лич­но ги ме­стат сво­и­те ча­сов­ни­ци на пет до 12, по­сто­ја­но го­во­рат де­ка единс­тве­на­та ра­бо­та за ко­ја се пре­го­ва­ра во ОН е за­ме­на­та на при­вре­ме­но­то име во свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја. Нѐ гле­да­ат в очи и ни ве­лат де­ка тре­ба да на­пра­ви­ме ком­про­мис за по­до­бра ид­ни­на на на­ши­те де­ца. Да бе­ше 16 век и Ма­ке­до­ни­ја да бе­ше дел од ама­зон­ски­те џунг­ли, мо­же­би, нив­но­то од­не­су­ва­ње ќе бе­ше ло­гич­но, но во 21 век оста­ну­ва го­ле­ма ди­ле­ма да­ли си­те тие се ма­ло­ум­ни, да­ли  мис­лат де­ка во Ма­ке­до­ни­ја жи­ве­ат ма­ло­ум­ни гра­ѓа­ни и по­ли­ти­ча­ри или сме­та­ат де­ка од страв да не ни се рас­пад­не др­жа­ва­та ќе ги при­фа­ти­ме на­вред­ли­ви­те пред­ло­зи со кои тре­ба са­ми­те да се пре­и­ме­ну­ва­ме.

На­стра­на од јав­ни­те из­ја­ви на грч­ки­те по­ли­ти­ча­ри и струч­ња­ци, на­стра­на од ни­за­та јав­ни по­ра­ки во кои офи­ци­јал­ни грч­ки прет­став­ни­ци со го­ди­ни ме­ѓу ре­до­ви или по­ди­рект­но ја проб­ле­ма­ти­зи­ра­ат ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, еден стар до­ку­мент на грч­ка­та др­жа­ва, кој ста­на по­пу­ла­рен во јав­но­ста, нај­пре­циз­но ја фор­му­ли­ра по­зи­ци­ја­та на грч­ки­от со­сед за та­ка­на­ре­че­ни­те иден­ти­тет­ски де­ло­ви од спо­рот за име­то.

Ексам­ба­са­до­рот Ри­сто Ни­ков­ски за до­ку­мен­тот што со го­ди­ни стои на веб-сај­тот на грч­ко­то МНР, а кој на исти­от ден ко­га грч­ки­от ви­це­пре­ми­ер и шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та се сре­ќа­ва­ше со ма­ке­дон­ски­от ко­ле­га По­по­ски во Њу­јорк бе­ше про­мо­ви­ран во дел од ме­ди­у­ми­те, ве­ли де­ка е пре­сврт­на точ­ка во пре­го­во­ри­те за име­то по ко­ја тре­ба се­ри­оз­но да се пре­ис­пи­та ма­ке­дон­ско­то учес­тво во нив. Спо­ред не­го, по обе­ло­де­ну­ва­ње­то на ста­вот на грч­ко­то МНР и фор­мал­но се по­твр­ду­ва што са­ка­ат на­ви­сти­на Гр­ци­те во спо­рот за име­то. Спор­ни­от текст што има ин­тен­ци­ја на не­у­трал­ни­те и не­ин­фор­ми­ра­ни стран­ци и Гр­ци да им се об­јас­ни спо­рот за име­то, нед­вос­мис­ле­но ја истак­ну­ва­ат офи­ци­јал­на­та грч­ка по­зи­ци­ја спо­ред ко­ја ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја е ве­штач­ка и фал­си­фи­ку­ва­на твор­ба.

Целата колумна на Горан Момироски можете да ја прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 4 октомври 2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top