
Фоњини го одигра првиот сет како во транс и поведе со 3-0, додека во двата свои сервис-гемови му дозволи на Надал да земе само еден. Надал изгледаше тотално збунето на беспрекорната игра на Италијанецот, кој стигна до 5:0 во гемови. Фабио ја продолжи добрата игра и во вториот сет и поведе со 3-0, со што беше многу блиску до сензација во тенисот.
Надал по негативата од 1-4 успеа шампионски да се врати и да добие 5 гема по ред, со што го изедначи резултатот во сетови. Од тој момент, па сѐ до крајот на мечот, Рафа доминираше и направи серија од 11-1 во игри и успеа да победи.
Надал во полуфиналето ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Томаш Бердих и Џон Иснер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


