Беше речиси на сите листи на најпосакувани ергени, но годинава ќе мора да го прескокнат. Македонскиот актер и директор на МНТ, Дејан Лилиќ, реши да стави крај на ергенскиот живот. Иако успешно криеше неколку месеци, дознавме дека триесет и осумгодишниот актер ја побарал за жена својата девојка Љубица.

По три и полгодишна врска, уште на почетокот на летото, на денот на нејзиниот роденден ѝ поставил едно и не толку класично прашање „Сакаш ли да ти бидам маж?“. Љубица, со која живеат заедно веќе подолго време, одговорила „Да“.
Се обидовме да извлечеме од Лилиќ повеќе информации. Но, тој само ја потврди нашата информација. Плановите за свадба сѐ уште не ги откриваат. Сега, како што вели, сакаат да уживаат во нивната интима, во оваа преубава фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


