| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ја застрела жената која со едногодишната ќерка во автомобил насилно се обиде да влезе во Белата куќа (видео)

vasington napad 4

Двајца полицајци се повредени, а жената што го предизвика инцидентот во близина на Капитол хил во Вашингтон е убиена, јавија американските медиуми. Триесет и четиригодишната Миријам Кери, жената за која има сомневања дека сакала со автомобил насилно да влезе во Конгресот и во Белата куќа, беше застрелана од полицијата, а видеоснимка од полициската интервенција беше објавена на „Јутјуб“.

vasington napad 3

Шефот на полицијата во Вашингтон, Кејти Ланијер, потврди дека жената е мртва, соопштувајќи дека сѐ уште не се познати мотивите за нападот, но дека полицијата смета оти инцидентот не се смета за терористички напад.

vasington napad 1

Според американската телевизија „Ен-Би-Си“, жената што го предизвика инцидентот боледувала од постпородилна депресија откако минатата година родила девојче. Анонимни официјални лица, пак, информирале дека жената имала „ментални проблеми“.

vasington napad 2

Таа со голема брзина со автомобил минала неколку семафори на црвено светло и се упатила кон Капитол хил. Таму ја пресретнале полицајци кои го опколиле возилото, но Кери успеала да побегне, по што безбедносните служби употребиле оружје. За време на инцидентот во автомобилот била и нејзината едногодишна ќерка, која не била повредена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top