| четврток, 6 декември 2018 |

На досието „Темел“ падна уште еден ексминистер за полиција

Komisija za lustracija

Поранешен министер за внатрешни, во периодот кога бил началник во УБК, наредувал следење на политичките противници. Ова е сижето на одлуката на Комисијата за верификација на фактите која него и уште три експолициски функционери денеска ги лустрира како наредбодаватели.

Поранешен министер за внатрешни, во периодот кога бил началник во УБК, наредувал следење на политичките противници. Ова е сижето на одлуката на Комисијата за верификација на фактите која него и уште три експолициски функционери денеска ги лустрира како наредбодатели. Портпаролот на Комисијата информира дека началникот кој подоцна станал министер е лустриран врз основа на досието „Темел“.

На седницата не било прифатено барањето на лустраторот Дамјановски, да не се кријат, според него, спорните делови од досие „Темел“ од кои, како што вели, јасно се гледа дека тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не било следено од идеолошки, туку од безбедносни причини.

Инаку, на денешната седница е лустриран и началник на битолска УБК кој во 90-тите години наредувал следење на тогаш младински функционер на партија од албанскиот корпус, денес лидер на таа партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top