По финансиските тешкотии со кои во последно време се соочуваше New York City Opera, дури по неуспешниот одби да собере седум милиони долари за продолжување на работата, управниот одбор на оваа оперска куќа донесе одлука за нејзино затворање со што е ставен крај на 70 години на оваа музичка институција „посветена на сите жител и на градот Њујорк”. Управата притоа „со големо жалење” извести дека „не е остварена целта”, како и дека започнува со покренување на неопходните финансиски и оперативни чекори насочени кон затворањето на институцијата
Куќата New York City Opera, којашто градоначалникот Фјорело Лагвардија ја нарече своевремено „опера за народот”, е втемелена во 1943 година со основна цел операта да ја направи подостапна за што поширок круг публика по разумни цени. Нејзината мисија, исто така, беше да развива иновативен репертоар и да стане дом на американските музички уметници и композитори, имено третина од годишниот репертоар беше посветена на американската опера.
Во почетокот се наоѓала во театарот New York City Center theater на улицата West 55th Streeт, за да од 1966 до 2010 година биде составен дел од Лонколн центарот за сценски уметности, кој поради финансиски тешкотии го напушти во 2011 година, преселувајќи ја канцеларијата и архивот на улицата 75 Broad St. во Долен Менхетен, додека во сезоната 2011/2012 своите претстави ги даваше гостувајќи на разни њујоршки сцени.
Во текот на својата седум децениска историја, NYCO претставуваше катапулт за многу кариери на оперските великани на денешницата, меѓу кои се и светски познатите тенори Хозе Карерас и Пласидо Доминго. Доминго исто така се вклучи во кампањата за спасување на операта. „По толку децении неверојатен придонес и клучната улога што NYCO ја одигра за културната сцена на Њујорк, би претставувала апсолутна трагедија тоа наследство да биде прекинато”, изјави Доминго.
Доколку се покаже дека навистина е крај на една оперска куќа со 70-годиѓшна богата традиција, нејзината „лебедова песна” ќе стане изведбата на операта „Ен Никол” на англискиот композитор Марк-Ентони Тарејџ, која почива на животот на истоимената „зајачица” на Плејбој, минатата сабота на 28-ми септември во Brooklyn Academy of Music
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.