Поради финансиската блокада на американската влада, значително е намалена вредноста на американскиот долар кон водечките валути. На берзите сѐ уште нема паника бидејќи меѓународните финансиски пазари со денови се подготвуваа за овој можен расплет од гласањето во американскиот Конгрес.
„Доколку блокадата потрае подолго од неколку дена, расположението на берзите може да се промени особено ако трговците почнат посериозно да ја поврзуваат таа блокада со претстојното изјаснување за дозволената висина на задолжување во САД“, наведуваат во лондонско Сити.
Како што јавуваат западните медиуми, финансиската блокада на Владата на САД и се поубедливиот раст на обемот на индустриско производство во источна и централна Европа поттикнаа вчера забележлив раст на вредноста на полските злоти, унгарските форинти и романскиот лев.
Интересно е тоа што индустриското производство во еврозоната сѐ уште нема темпо на целосен раст. Така производтсвото во фабриките во Италија, Шпанија и Грција загуби минатиот месец во темпото, додека во Франција и Германија е во незначителен пораст. Позитивни рекордери во еврозоната се Холандија и Ирска.
Оваа финансиска блокада на американската влада е после 17 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.