| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ најави докази за недомаќинско работење на ЕЛЕМ

sdsmСДСМ најави дека од денеска ќе претставува документи кои, како велат„ покажуваат како не би смееле да работат Електрани на Македонија. Ова претпријатије во државна сопственост е најголемиот трошаџија во државниот сектор и и досега беше под лупата на јавноста поради огромното трошење и сомнителните зделки“.

Според партијата, во изминатите 9 месеци повеќе од една третина од набавките на ЕЛЕМ биле без отворена постапка, во вкупна вредност од 845 милиони денари.

Денеска СДСМ посочи на случај кој „ги надминува и досегашните примери на неверојатна леснотија во трошењето на парите на македонските граѓани. Во 2008 година, АД ЕЛЕМ отвора постапка за модернизација на агрегатите во ТЕ Битола во Постапка со преговарање со претходно објавување на оглас. Огласот има два дела:  ЛОТ 1: модернизација на турбини и генератори; и ЛОТ 2: модернизација на котли“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top