В.Д. селекторот Зоран Стратевго објави списокот на репрезентативци на Македонија за двата последни квалификациски натпревари со Велс и со Србија, на 11 и на 15 октомври во Кардиф и во Јагодина.
Стратев се потпре на веќе проверените сили, со еден новитет од селекцијата на Македонија до 21 година. Дебитант со можност за прв настап кај сениорите е Езгјан Алиоски, левиот бек кој игра во швајцарскиот второлигаш Шафхаузен.
Интересна најава доаѓа од Велс, а вели дека Герет Бејл нема да игра против Македонија. Најскапиот играч на планетата со трансфер вреден 100 милионми евра, не настапи ниту во Скопје на дуелот со популарните „Змаеви“, што го загубивме со 1-2.
Комплетен список за дуелите со Велс и Србија:
Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)
Одбрана: Николче Новески (Мајнц 05, Германија), Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Ванче Шиков (Волин, Украина), Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Езгјан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија).
Среден ред: Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска), Предраг Ранѓеловиќ (Јагодина, Србија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Дарко Тасевски (Киријат Шмона, Израел), Мухамед Демири (Сент. Гален, Швајцарија);
Напад: Горан Пандев (Наполи, Италија), Агим Ибраими (Калјари, Италија), Иван Тричковски (Беверен, Белгија), Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Мирко Ивановски (Астра, Романија), Јован Костовски (Од Еверле Лувен, Белгија), Дејан Блажевски (Хоризонт Т., Македонија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.