Бугарија и Романија не се пожелни во шенген-зоната, пишува австрискиот весник „Винер цајтунг“. Двете балкански држави се наоѓаат во оваа ситуација со години, а само на една недела пред средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ нема знаци за некаква промена.
Франција повеќе од еднаш изрази загриженост за внесување на овие две релативно нови членки на ЕУ во шенген-зоната, во чии граници е дозволено да се патува без пасош. Париз е загрижен дали Бугарија и Романија ќе можат доволно добро да ги заштитат надворешните граници на ЕУ, појасни министерот за надворешни работи Лоран Фабиос. Дури откако тоа би се разјаснило, Франција ќе може да се согласи со влезот на двете земји во шенген-зоната. Германија, исто така, постојано изразува резерви за ова прашање.
Букурешт и Софија долго време ги отфрлат овие приговори и велат дека ги исполниле техничките барања да обезбедат целосно соодветна контрола за граѓани кои не припаѓаат на ЕУ, но одлуката за пристапување на двете балкански земји во шенген-зоната продолжува да биде одложувана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.