Една недела по смртта на Душан Љубисављевиќ- Дуле, синоќа бил ограбен ресторанот „Доменика“, кој беше во негова сопственост.
Како што јави Телеграф, полицијата веднаш го уапсила крадецот, а станувало збор за келнер од ресторанот по име Миле, кој неколку години работел кај пејачот, дури и во периодот кога Дуле бил сопственик на ресторанот „Балканика“.
Дуле го отвори ресторанот „Доменика“ пред неколку месеци заедно со неговата сопруга Љупка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.