| четврток, 6 декември 2018 |

Давање отказ со стил

Марина Шифрин знае како да си отиде со стил. На „Јутјуб“ објави видео наменето за нејзиниот шеф, со кратка порака „Давам отказ“.

Шифрин работела во компанијата „Next Media Animation“, која изработува хумористични видеа од актуелни светски настани.

Незадоволната Марина во видеото игра низ канцеларијата и објаснува зошто одличала да ја напушти работата.

– Речиси две години го жртвував своето време и енергија за својата работа, а мојот шеф се грижи само за тоа колку луѓе ќе го погледнат видеото. Затоа одлучив да снимам и јас едно – вели Шифрин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top