| четврток, 6 декември 2018 |

Европ­ско ни­ша­ло над без­виз­ни­от ре­жим: Ре­ци­про­ци­те­тот со САД ја прот­на и сус­пен­зи­ја­та

Европ­ски­от пар­ла­мент усвои ме­ха­ни­зам со кој се отво­ра мож­но­ста, на ба­ра­ње на неј­зи­ни член­ки, по­втор­но да се спу­шти шен­ген­ска­та рам­па. Иа­ко бро­јот на лаж­ни ази­лан­ти е во опа­ѓа­ње, а тоа го ре­ги­стри­ра и Евро­стат, ме­ха­низ­мот е во­ве­ден по­ра­ди гла­са­ње­то во па­кет со ме­ха­низ­мот за ре­ци­про­ци­тет ка­ко при­ти­сок врз САД и врз Ка­на­да за тр­га­ње­то на ви­зи­те за си­те член­ки на шен­ген­ска­та зо­на

Усво­ју­ва­ње­то на ме­ха­низ­мот во Евро­пар­ла­мен­тот (ЕП) за сус­пен­зи­ја на без­виз­ни­от ре­жим во одре­де­ни слу­чаи, пре­диз­ви­ка не­го­ду­ва­ње кај ма­ке­дон­ска­та јав­ност, осо­бе­но по раз­лич­ни­те тол­ку­ва­ња по ку­со­то из­ве­сту­ва­ње за овој до­ку­мент. Из­ве­шта­јот на шпан­ски­от пра­те­ник од ре­до­ви­те на Европ­ска­та на­род­на пар­ти­ја го отво­ри па­тот за ме­ха­низ­мот, но и за мер­ки на ре­ци­про­ци­тет, два ме­ха­низ­ма за кои се гла­са­ше во па­кет. До­де­ка од ед­на стра­на ЕП ја отво­ри вра­та­та за за­шти­та од на­ле­тот на ази­лан­ти, што, ра­ка на ср­це, од др­жа­ви­те на За­па­ден Бал­кан е со­прен, од дру­га стра­на исто­вре­ме­но гла­са­ше за при­си­лу­ва­ње на  САД и на Ка­на­да да ги отво­рат гра­ни­ци­те без ви­зи за си­те гра­ѓа­ни од ЕУ. Гла­са­ње­то за па­ке­тот од два ме­ха­низ­ма во па­кет, мо­же­би, бе­ше пре­су­ден тој да по­ми­не, ве­ли Та­ња Фа­јон, евро­пра­те­нич­ка од Сло­ве­ни­ја.

– Си­гур­но де­ка тоа е ед­на од при­чи­ни­те, ако не и нај­го­ле­ма при­чи­на. До­го­во­рот за ме­ха­низ­мот за ре­ци­про­ци­тет бе­ше ва­жен за мно­гу ко­ле­ги од ЕП. Сме­там де­ка од­во­е­но гла­са­ње би има­ло мно­гу по­и­на­ков ре­зул­тат око­лу ме­ха­низ­мот за сус­пен­зи­ја би­деј­ќи мно­гу ко­ле­ги ми го под­др­жаа ста­вот за од­ло­жу­ва­ње на ме­ха­низ­мот за сус­пен­зи­ја. Се­ка­ко, не­кои имаа проб­лем со це­ли­от па­кет.

Об­јас­ну­вај­ќи го па­ке­тот, Фа­јон ве­ли де­ка две­те мер­ки, две­те раз­лич­ни ме­ха­низ­ми се ста­ве­ни во па­кет што мо­же од ед­на стра­на да пре­диз­ви­ка ха­ос кон Бал­ка­нот, но и да се нај­де пред Европ­ски­от суд.

-Ме­ха­низ­мот за ре­ци­про­ци­тет е чув­стви­те­лен по­ра­ди мож­но­сти­те за авто­мат­ски мер­ки кон САД или кон Ка­на­да, до­кол­ку тие пре­зе­мат сус­пен­зи­ја или не во­ве­дат без­ви­зен ре­жим за др­жа­ви од ЕУ. Пет др­жа­ви од ЕУ сѐ уште не се во без­виз­ни­от ре­жим за па­ту­ва­ње во САД или во Ка­на­да, па со овој ме­ха­ни­зам соз­да­дов­ме при­ти­сок си­те гра­ѓа­ни од шен­ген­ска­та зо­на на­ско­ро да па­ту­ва­ат без ви­зи. Но, при­тоа соз­да­дов­ме и за­кон­ски ха­ос, ме­ха­низ­мот е спро­ти­вен на ста­вот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Тоа, пак, го отво­ри и па­тот ме­ха­низ­мот да се нај­де и пред Европ­ски­от суд. То­гаш се­ка­ко де­ка при­ти­со­кот од САД и од Ка­на­да би бил го­лем. За­се­га не­ма ин­фор­ма­ции да­ли ЕК ќе го по­ста­ви пра­ша­ње­то пред Европ­ски­от суд. Ние пре­ду­пре­ду­ва­ме де­ка со до­го­во­рот за ме­ха­низ­мот за сус­пен­зи­ја се отка­жав­ме од пра­ва што Европ­ски­от пар­ла­мент ги има со Ли­са­бон­ски­от до­го­вор – до­да­ва Фа­јон.

Tanja-FajonВа­кво­то тол­ку­ва­ње на па­ке­тот ме­ха­низ­ми об­јас­ну­ва зо­што се за­ка­ну­ва сус­пен­зи­ја на виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја за Бал­ка­нот и тоа во мо­мен­ти ко­га Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја из­ле­гоа на крај со лаж­ни­те ази­лан­ти. Иа­ко Фа­јон ве­ли де­ка не­ма опас­ност од вра­ќа­ње на ви­зи­те, се­пак оста­ва мож­ност за при­ти­сок за акти­ви­ра­ње на ме­ха­низ­мот од дру­ги при­чи­ни.

-Опас­но­ста Ма­ке­до­ни­ја да го за­гу­би без­виз­ни­от ре­жим не е ре­ал­на. Пр­во, мо­ра да има при­чи­на, ка­ко алар­ман­тен број ази­лан­ти. Член­ки­те на ЕУ се­га има­ат мож­ност бр­зо да усво­јат сус­пен­зи­ја без ни­ка­ква из­ме­на на за­ко­но­дав­ство­то би­деј­ќи се ра­бо­ти за бр­за и при­вре­ме­на мер­ка. Зна­чи, во овој мо­мент не­ма ре­ал­на опас­ност, до­де­ка Ма­ке­до­ни­ја ги по­чи­ту­ва пра­ви­ла­та за без­ви­зен ре­жим. За­тоа е нуж­но вла­сти­те да на­пра­ват сѐ за да не дој­де до тоа – до­да­ва таа.

Спо­ред  ма­ке­дон­ско­то МВР, од кра­јот на април 2011 го­ди­на до се­га на по­ве­ќе од 11.000 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни не им е доз­во­лен из­лез од гра­ни­ци­те кон за­пад­но­е­вроп­ски­те др­жа­ви. По­ли­ци­ја­та, за­ед­но со УЈП и со не­кол­ку ми­ни­стерс­тва и инс­пе­кто­ра­ти, ра­бо­тат на спре­чу­ва­ње на зло­у­по­тре­ба­та на без­виз­ни­от ре­жим. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та на МВР, на­пра­ве­ни се 447 кон­тро­ли во 118 ту­ри­стич­ки аген­ции, 38 друш­тва за пре­воз на пат­ни­ци и на 22 ли­ца пре­воз­ни­ци.

Ва­кви­те ме­ха­низ­ми се под­ло­га за зло­у­по­тре­ба на по­зи­ци­ја­та на моќ и за дру­ги по­ли­тич­ки пра­ша­ња. Без мно­гу раз­мис­лу­ва­ње, ова се­ка­ко де­ка отво­ра но­во „бој­но по­ле“ за над­му­дру­ва­ња ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја низ европ­ски­те ин­сти­ту­ции. Иа­ко ма­ке­дон­ски­те ту­ри­сти ја спа­су­ва­ат грч­ка­та еко­но­ми­ја, не е за не­ве­ру­ва­ње де­ка ток­му од та­му не­ма да има „под­буц­ну­ва­ња“ да се каз­нат Ма­ке­дон­ци­те. Ако ни­што дру­го, ќе го трг­нат од пред очи­те на европ­ска­та јав­ност ди­скри­ми­на­тор­ско­то од­не­су­ва­ње ди­рект­но на гра­нич­ни­те пре­ми­ни. Сѐ по­че­сто јав­ни лич­но­сти и но­ви­на­ри се цел на грч­ка ди­скри­ми­на­ци­ја, ко­ја не мо­же да се со­крие по­ра­ди без­виз­ни­от ре­жим. И Фа­јон приз­на­ва за по­сто­е­ње при­ти­со­ци за иско­ри­сту­ва­ње ме­ха­низ­ми по­ра­ди дру­ги при­чи­ни.

лажни азиланти Лич­но сме­там де­ка тој ме­ха­ни­зам е лош за ЕУ, за ид­ни­на­та на по­ли­ти­ка­та на сло­бод­но дви­же­ње во ЕУ и за сло­бо­да­та на со­седс­тво­то. ЕП не­ма да има пра­во на со­ра­бо­тка во про­це­сот ко­га Со­ве­тот би гла­сал за сус­пен­зи­ја. Се­ко­гаш ќе по­сто­јат и по­ли­тич­ки при­ти­со­ци по­ра­ди дру­ги при­чи­ни да се во­ве­де сус­пен­зи­ја, а ние ка­ко ин­сти­ту­ци­ја не­ма да има­ме мож­ност за де­мо­крат­ски над­зор. Исто та­ка, лош е и би­деј­ќи отво­ра мож­ност др­жа­ви на ЕУ да ба­ра­ат сус­пен­зи­ја по­ра­ди вкуп­ни­от број ази­лан­ти во пос­лед­ни­те се­дум го­ди­ни. Тоа е долг пер­и­од, а се знае де­ка во 2010 го­ди­на и во 2011 го­ди­на бро­јот на ба­ра­те­ли на азил од Ма­ке­до­ни­ја бе­ше алар­ман­тен.

Европ­ска­та ста­ти­сти­ка (Евро­стат) не­о­дам­на по­твр­ди де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е ве­ќе зем­ја од ка­де што има за­ка­на за ба­ра­те­ли на азил. Од 407.300 ба­ра­ња за азил во 27 член­ки на ЕУ, во пр­ви­те пет гру­пи ли­ца што по­ба­ра­ле за­шти­та не­ма гра­ѓа­ни од др­жа­ви­те на за­па­ден Бал­кан. Но, гле­дај­ќи ја ста­ти­сти­ка­та од 2009 го­ди­на до мај 2013 го­ди­на, од Ма­ке­до­ни­ја се под­не­се­ни 26.050 ба­ра­ња за азил, што е ре­чи­си ед­на че­твр­ти­на од си­те ба­ра­ња под­не­се­ни во исти­от пер­и­од од др­жа­ви од Бал­ка­нот. Тоа е опас­но­ста за зло­у­по­тре­ба на фа­кти­те, ко­ја ја спом­ну­ва Фа­јон. Иа­ко Ма­ке­до­ни­ја фа­ктич­ки не би тре­ба­ло да се пла­ши од сус­пен­зи­ја, пра­те­ни­кот Але­ксан­дар Ни­ко­лов­ски ука­жу­ва и на дру­ги кон­тра­ди­ктор­но­сти.

а николовски пссе По­не­ко­гаш има кон­тра­ди­ктор­но­сти ме­ѓу европ­ски ин­сти­ту­ции. ЕП до­не­се ва­ква од­лу­ка ка­ко ре­зул­тат на ба­ра­ња­та за азил и се ба­ра по­го­ле­ма кон­тро­ла кој и зо­што ја на­пу­шта др­жа­ва­та. Ма­ке­до­ни­ја се оби­ду­ва да го пра­ви тоа. Во исто вре­ме, Пар­ла­мен­тар­но­то со­бра­ние на Со­вет на Евро­па ја кри­ти­ку­ва др­жа­ва­та за­што не доз­во­лу­ва­ла гра­ѓа­ни­те сло­бод­но да из­ле­гу­ва­ат од др­жа­ва­та и ба­ра­ла да на­ве­дат ка­де одат и со ко­ја цел. Ток­му тоа што го ба­ра ЕУ и Европ­ски­от пар­ла­мент. Е се­га во ЕП се­дат пра­те­ни­ци из­бра­ни на европ­ски из­бо­ри, а во ПС на Со­вет на Евро­па пра­те­ни­ци из­бра­ни во на­ци­о­нал­ни­те пар­ла­мен­ти, пак од зем­ји­течлен­ки на ЕУ. Ко­му да му ве­ру­ва­ме? пра­шу­ва Ни­ко­лов­ски.Се­гаш­но­то одо­бру­ва­ње од до­ми­нант­ни­те дес­но­цен­три­стич­ки прет­став­ни­ци во ЕП, спо­ред Ни­ко­лов­ски, е ре­зул­тат на при­ти­со­кот по­вр­зан со еко­ном­ска­та кри­за.

Пра­те­ни­ци­те со цен­тар­ско-дес­на ори­ен­та­ци­ја, кои, ус­лов­но ка­жа­но, по­ве­ќе се гри­жат за на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, се под при­ти­сок за ус­лов­но за­тво­ра­ње на ЕУ. Во од­нос на ази­лан­ти­те, на не­со­од­вет­на­та или не­до­вол­но ре­гу­ли­ра­на­та ма­те­ри­ја. Швај­ца­ри­ја, отка­ко ги на­ма­ли про­це­ду­ри­те и вре­ме­то за од­го­вор на ба­ра­ња­та за азил, го на­ма­ли бро­јот на ба­ра­те­ли на азил на 10 про­цен­ти од прет­ход­но. Зна­чи од­го­во­ри­те тре­ба да се ба­ра­ат во зем­ји­течлен­ки, а не во за­тво­ра­ње на ЕУ, додава Николовски.

Tекстот е објавен во неделник Република бр.55

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top