Харун Хаџибулиќ (48) вчера во 16.20 часот бил уапсен на граничниот премин кај Долно Блаце кога се обидувал да влезе во Македонија.
МВР појасни дека тој почнал да бега откако му бил побаран пасошот. Полицајците на преминот пукале во воздух како предупредување, по што Хаџибулиќ се уплашил, ги подигнал рацете и се предал.
Хаџибулиќ се барал по судска потерница за одлежување казна затвор од 18 месеци поради помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје. Тој најголем дел од казната ја одлежа во притвор, а полицијата го барала бидејќи недостасувале неколку дена за целосно издржување.
Во истиот случај Јасмин Лесковица доби 12 години затвор како директен извршител. Хаџибулиќ влегувајќи во Македонија, најверојтано, мислел дека нема потреба да го одлежи остатокот од казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.