| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини седна на клупата на Галатасарај

Италијанскиот фудбалски стручњак Роберто Манчини е назначен за нов тренер на турскиот клуб Галатасарај

Roberto Mancini
Манчини со клубот од Истанбул потпиша тригодишен договор според кој ќе заработува околу шест милиони евра за една година.
Италијнецот на клупата на Галатасарај доаѓа на местото на турскиот тренер Фатих Терим, кој доби отказ поради слабите резултати на почетокот од новата сезона.
Четириесет и осумгодишниот Манчини беше без ангажман од мај годинава кога го напушти кормилото на премиерлигашот Манчестер сити. Бил тренер и на Интер, Лацио и на Фијорентина.
Под водство на Терим, Галатасарај по пет кола има само една победа и четири нерешени, а во Лигата на шампионите убедливо загубија од Реал Мадрид на свој терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top