| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалдемократите ја губат Португалија

h_51020490Социјалдемократската партија (ПСД) на португалскиот премиер Педро Пашос Коељо на локалните избори ја загуби контролата во трите големи градови – Порто, Брага и Виља Нова де Геја, а намалена е и поддршката во Лисабон.
Досегашниот социјалистички градоначалник на Лисабон, Антонио Кошта, на вчерашните избори доби трет мандат со голема предност (од 51 до 55 отсто од гласовите) пред кандидатот на владејачката коалиција, Фернанд Сеаре (кој доби од 21 до 24 проценти од гласовите), покажуваат анкетите по гласањето.
Политикологот Антонио Кошта Пинто изјави дека Португалците, и десничари и левичари, сакаат да ја казнат Владата поради стриктното спроведување на мерките за штедење пропишани од „тројката“.
– Јасно е дека оваа е голем пораз за ПСД – оцени Луиш Маркеш Мендес, поранешен претседател на владејачката партија.
На изборите влијаеше и тоа што ЕУ-ММФ-Европската централна банка за две недели ќе изврши уште една ревизија на планот за помош од 78 милијарди евра, кој Португалија го користи од 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top