| четврток, 6 декември 2018 |

Брат и сестра се пронајдоа после 37 години (ВИДЕО)

robert-cindy-youtube

Една од оние семејни приказни која ретко кого остава рамнодушен. Синди Муреј и нејзиниот брат Роберт Вилијамсон, брат и сестра од Денвер, поминаа 37 години без да се видат. Нивните родители се развеле некаде во 70-тите на минатиот век, по што Синди заминала да живее со мајка ѝ, а Роберт со нивниот татко.

Поради различните презимиња, тие не можеле да се пронајдат, сѐ додека упорноста на сестрата не се исплатила. Таа дознала дека и нејзиниот брат е маринец, па дури и се наоѓа на само неколку километри од нејзината база.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top