| четврток, 6 декември 2018 |

Металург врати на „плачењето“ на ПСЖ: Победата е чиста, погледнете си ги грешките

metalurg-14

 

По поплаките на официјалниот сајт на милиониерите од Париз дека синоќа изгубиле поради притисокот на домаќините врз судиите, но и поради прежешката атмосфера, се огласи со реакција и Металург исто така објавена на веб страната на клубот. Во реакцијата со наслов „Без срам, ама со перде на очите“ тимот од Автокоманда изразува зачуденост од односот на гостите од Париз:

Навистина запрепастувачки текст е поставен на официјалната интернет-страница на Пари Сен Жермен. Еден клуб од калибaрот на ПСЖ се обидува да ја дескредитира чистата победа на Металург, трудот и маката на нашите ракометари.

“Рецептот во Македонија се знае. Притисок врз судиите, дезинформации, итроштини и сето тоа се претвара во премногу жешка атмосфера“, гласи неверојатниот текст на сајтот на ПСЖ.

Да се погледне на сопствените грешки и да се извлече соодветна поука е единствениот правилен начин. Тоа се очекува од секого, особено од еден моќен клуб каков што е Пари Сен Жермен. Текстот го напишал некој, што нема срам, ама има перде на очите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top