| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Како функционери на ВМРО ДПМНЕ се збогатуваат од чиновнички плати?

sdsm

По денешното објавување на информацијата дека лидерот на СДСМ Зоран Заев доделил тендер и на сопруг на пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова, реагираа Социјалдемократите преку писмено соопштение во кое не одговараат на обвинувањата, туку враќаат со контра обвинувања:

На сто пати повторените лаги од страна на ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш ќе им реплицираме со покана да одговорат на следните прашања од кои упорно се обидуваат да избегаат: Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа? Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска,Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати? Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови, се вели во соопштението на опозиционата СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top