
Во тендерскиот скандал на Зоран Заев вклучени се многу високи функционери од СДСМ. Освен на татко му, чичко му, братучедите, стрина му и снаа му, јавни набавки доделувал и на фирмата на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова и тоа во многу наврати, соопшти денеска Спиро Ристовски од ВМРО ДПМНЕ.
Ристовски денеска на прес конференција презентираше докази кои според него, на овој скандал му даваат многу поширока и позастрашувачка димензија.
– Со овие примери, веќе станува јасно дека Општина Струмица е центар од кој се спроведувале многу сомнителни активности. Општина Струмица на ден 26.10.2010 година склучува договор за јавна набавка со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица во сопственост на Димчо Иванов т.е. сопругот на познатата пратеничка од СДСМ, Цветанка Иванова. Зоран Заев на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова му исплатил 3.555.663 денари само по овој основ. Ова значи дека најголемиот тендерски скандал во Македонија е многу поголем и има позагрижувачки размери. Влезен е и во политиката. Секој ден, нова патека по која се движеле парите на граѓаните кон фамилијарни и партиски цели, излегува на виделина. Зоран Заев бил доста креативен во својата работа, но во оној дел каде наоѓал начини како да го изигрa системот. Веќе не се работи за семеен, туку за добро испланиран семејно-политички бизнис систем за искористување на парите на граѓаните, изјави Ристовски.

Тој истакна дека од приложените факти јасно се гледа дека милионски суми од парите на граѓаните добивале и семејни фирми на високи функционери во СДСМ.
– Ваквата бизнис поврзаност на Зоран Заев и фирмата на сопругот на пратеничката Цветанка Иванова отвара дилеми колку длабоко е навлезен октоподот на Зоран Заев во струмичкото општество. Додека Зоран Заев молчи и несака да даде одговор, клопчето се повеќе се одмотува. Сите манипулации и лаги кажани за било кој од ВМРО-ДПМНЕ нема да не спречат да и ја презентираме вистината на граѓаните. Ова се докази и документи, а не празни и лажливи прашања, изјави Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


