Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по вчерашниот одличен настап за Наполи, во кој постигна два гола за победа на клубот на гостувањето против Џенова, скромно изјави дека треба да се заборави мечот што е можно побрзо и тимот да се сконцентрира на претстојниот дуел против Арсенал од Лигата на шампионите.
– По лошиот натпревар во средата против Сасуоло сакавме да ги освоиме трите бода. Се вративме на вистинската игра и заслужено победивме. Повеќе сакам да играм зад напаѓачите, но ќе играм на позицијата на која тренерот ќе ме стави. Најважно од се е тимот да победува. Неизбежна е ротацијата во составот, бидејќи распоредот е напорен и затоа сите играчи се потребни. Ќе се бориме до крај на сите фронтови и ќе видиме како ќе завршиме. Сега треба да го заборавиме овој натпревар и да се подготвиме за мечот со Арсенал во вторник во рамките на Лигата на шампиони, изјави Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.