Дури и два натпревара на кои шкотскиот фудбслки стручњак Дејвид Мојс не можеше да смета на услугите на Робин ван Перси, се чини беа премногу за менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Најдобриот фудбалер на актуелниот шампион во Премиер лигата сепак викендов повтроно ќе биде во екипата од „Олд Трафорд“, пренесоа островските медиуми.
Шкотланѓанецот ќе може да го стави ван Перси во тимот за утрешниот првенствен натпревар од 6-та рунда од Премиершип против Вест Бромвич Албион, за кој на „Театарот на соништата“ ќе допатува и нашиот Горан Попов.
Холандскиот фудбалски интернационалец ги пропушти претходните два дерби-меча поради проблеми со препоните. Не беше во екипата ниту на градскиот двобој против Манчестер Сити (1:4) во шампионатот, како и против Ливерпил (1:0) во 3-то коло од Лига купот.
Манчестер Јунајтед во досегашните пет соочувања во англискиот елитен ранг освои само седум бодови. Бранителот на титулата оствари два триумфа, а има исто толку порази и едно реми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.