| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Меѓународниот ден на Бошњаците

– Богатството на Македонија и нејзината уникатност ја прави неjзината културна разноликост во која Бошњаците даваат свој огромен придонес со својата култура и традиции. Бошњаците во Република Македонија се нејзин нераскнилив дел и тие низ годините во минатото покажале дека се важна нишка која придонесува за јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изграбата на едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, пример за земјите од регионот и пошироко. Бошњачката заедница  давала и во иднина ќе дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина, со цел изградба на напредна и стабилна Република Македонија – стои во честитката со која владејачката партија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците 28 Септември на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top