Хратските ракометари Игор Вори и Јаков Гојун пристигнаа во Скопје со сојот тим Пари Сен Жермен. Тие веруваат дека тренерот на Металург, Лино Червар им подготвува замка на утрешниот меч кој се игра во рамките на Лига на шампиони.
Игор Вори: “Знаеме многу за македонскиот ракомет. Самиот факт дека два клуба од ист град играат во Лигата на шампионите и тоа во иста група кажува многу за подемот на македонскиот ракомет. Ја знаеме силата на Металург и сигурни сме дела Лино ни спрема некаква замка. Се надеваме на добра атмосфера. Македонската публика го познава ракометот. Се надевам дека ќе имаме добра претстава. Што се однесува на нас, ние имаме многу нови играчи и ни треба време за да се уиграме. По нашите резултати се гледа дека многу осцилираме, од феноменален настап до правење на почетнички грешки. Имаме шесторица нови играчи од кои петорица се во почетната седморка. Очекувам дека утре ќе бидеме на ниво “.
Јаков Гојун: “Можам да кажам се најдобро за Металург. Сум играл повеќе пати додека настапував за екипата на Загреб, па, можам да кажам дека овде се чувствувам како дома. Не чека еден тежок натпревар, во една посебна атмосфера која ја прават навивачите на Металург. Ќе видиме утре. Ние имаме добра екипа и очекувам да имаме квалитетен натпревар. Во досегашниот тек од сезоната играме со доста осцилации поради големиот број нови играчи. Многумина од нас уште не го знаат ниту јазикот, но ние работиме и играме се подобро. Утре се надевам дека ќе се покажеме добро и ќе ги освоиме двата бода“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


