Владејачката партија на прес-конференција презентираше уште три сомнителни јавни набавки, кои фирмата „ХИТ Бекатон“ ги склучила со Општина Струмица, во период од само една недела.
httpv://www.youtube.com/watch?v=X_DCbvuf1pk
Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ рече:
„На почетокот да потсетиме дека фирмата „ХИТ Бекатон“ тогаш била во сопственост на Костаке Трајков, шура на Панче Орцев, кој во време на овие сомнителни набавки бил директор на општинското претпријатие „Комуналец“, а сега, веројатно по награда, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Видливо е дека Панче Орцев, како директор на „Комуналец“, доделувал јавни набавки на фирми од фамилијата на Заев, а Зоран Заев од Општина Струмица доделувал набавки на фирми од фамилијата на Панче Орцев. Вака си делеле. И волкот сит и овците на број, но граѓаните без своите пари.
Дрско, безобразно и ниско, овие луѓе си ги делеле интересите на грбот на граѓаните. Панче Орцев делел јавни набавки на фирми од кланот Заеви, но за награда добивале и фирми од неговата фамилија, а потоа и станал пратеник.
Ова е доказ дека станува збор за организиран и добро планиран систем, во кој повеќе луѓе од СДСМ биле замешани.
Да бидеме прецизни. На ден 09.08.2010 година фирмата „ХИТ Бекатон“ добива дури две јавни набавки во Општина Струмица. Едната во вредност од 823.994 денари, а втората во вредност од 481.676 денари. Дополнително, за само неколку дена истата фирма “ХИТ Бекатон’, на ден 16.08.2010 добива и трета јавна набавка во вредност од 535.248 денари. Заев во неколку дена на шурата на директорот, кој тој го поставил да раководи со „Комуналец“, му дал три јавни набавки.
Вкупната вредност на сите набавки, овие три кои денес ви ги презентираме и онаа од вчера, е во висина од 3.360.017 денари. Зоран Заев на шурата на директорот, кој тој го поставил, му префрлил околу 55.000 евра.
Ова е скандалозно. Ова е вистински октопод кој функционира на ниво на Струмица, во кој се вклучени сите раководни социјалдемократи од тој град, а на чие чело стои Зоран Заев.
СДСМ нека не се обидува да ја дефокусира јавноста со измислици и лаги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Нивните измислици нема да нѐ натераат да не говориме за скандалозните јавни набавки на Зоран Заев, судирот на интереси и непотизмот кој владее во Струмица. Тоа нема да им помогне да го сокријат фактот дека Зоран Заев создал систем на испумпување на пари од граѓаните на Струмица за семејно богатење.
Зоран Заев треба веднаш да излезе во јавност и да признае дека фирмите од неговото семејство и нивните бизнис-партнери добивале јавни набавки во Општина Струмица и општинските установи под негова директна надлежност.
СДСМ мора да излезе и да се извини пред македонската јавност што со денови излегува на прес-конференции и со лаги и манипулации ја дефокусира јавноста од скандалите на нивниот претседател.
Тоа е она што најмалку можат да го сторат во овој момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата



