Њујоршкиот институт „Ренселаер“ по анализата на примерокот од површината на Марс, земен од роботот на НАСА – „Кјуриозити“, потврди дека на црвената планета има вода и дека таа е застапена со два процента во површината. Ова ново создание повторно го отвори прашањето за можноста од постоење живот на оваа планета.
Од Институтот сметаат дека новото создание за составот на Марс е многу возбудливо за јавноста. Во примероците од површината се наоѓаат и одредени количини јаглероден диоксид, кислород и сулфур. До сега површината на Марс беше замислувана како прилично сува пустина, но откритието на вода ги менува ставовите и е прилично важно за следните истражувања на таа планета. Иако водата е во значително помали количини од колку на Земјата, во секој дел на Марс се наоѓа вода, а научниците тврдат дека таа може лесно да се издвои со едноставно загревање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


