| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ни ги врaќа Ромите со авион

Според локалните власти во чартер авионот 148 патници се вратиле во Македонија и Романија

france_gypsy_crackdow_lea_s640x434
Чартер авион со 148 лица во авионот полетал денеска од францускиот град Лион за Македонија и Романија.

Според локалните власти, во авионот имало 148 патници со романско и македонско државјанство. Повеќето од патниците на авионот, кои се собрани од различни области на Франција, се Роми. Тие се враќаат во својата татковина во рамките на механизмот, кој предвидува доделување на 300 евра за секој кој ќе отпатува доброволно за родна земја, информираат странските медиуми.

Од почетокот на февруари износот што француските власти ќе им го понудат на странците за заминување странци, ќе биде значително помал.

Од МНР се уште немаат информации за овој случај и претпоставуваат дека најверојатно се работи за азиланти кои не успеале да добијат француско државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top