| четврток, 6 декември 2018 |

За 20 минути заклучено, напредок нема- Попоски и Венизелос ја завршија средбата во ООН

zname-makedonija-grcijaВо Њујорк штотуку заврши средбата на министерот за надворешни работи Никола Попоски и грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, по која македонската страна информира дека грчките позиции воопшто не се сменети и нема најава дека Грција е подготвена за решавање на спорот.
– Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување дека имаат желба да станат дел од решението. За се друго можеме да бидеме партнери, но за спорот, меѓу нас се планини, изјави министерот Никола Попоски по средбата.
Министерот Венизелос наскоро исто така треба да им се обрати на грчките новинари во Њујорк. Но, пред средбата, грчкото Министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое ја напаѓа Република Македонија врз која ја префрла вината за спорот.
Средбата во Њујорк траела 20-ина минути, и на неа, на грчко барање, присуствувале само двајцата министри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top