| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата обвинува дека ќе станеме заложници на „Газпром“

juzen tek

Од потпишувањето на договорот меѓу Владата и Газпром

Ратификацијата на македонско-руската спогодба за изградба на кракот од „Јужен тек“ покажува дека не само што не важи Законот за енергетика на Македонија, туку не важат ниту судовите, рече Маријанчо Николов од СДСМ на денешната собраниска расправа за законот за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Руската Федерација за соработка при изградба на крак на гасоводот „Јужен тек“ за Македонија.

– Во договорoт се наведува дека при случаен спор нема да бидат надлежни македонските судови, туку ќе се формира меѓународен арбитрарен суд, кој ќе ги решава споровите. Со тоа, но и со целиот текст на договорот, Македонија и нејзините граѓани стануваат заложници на една компанија, во случајот „Газпром“ – рече Николов.

Николов се сомнева дека Владата има добри намери околу изградбата на гасоводот и од причини што се одолжува со реализацијата на проектите за гасификација на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top