Поранешната најдобра светска тенисерка, Швајцарката Мартина Хингис, е осомничена за семејно насилство. Нејзиниот сопруг Тибo Хутин тврди дека го претепала со помош на нејзината мајка и нејзиниот партнер.
Хутин претходно ја обвинуваше Хингис дека таа го изневерувала со голем број мажи, но некое време тој ѝ ги опростил тие авантури. Во последно време тие не живеат заедно, а оваа недела во нивниот заеднички стан дошло до инцидент, а тоа го потврдила и полицијата.
– Во понеделникот вечерта сме повикани да интервенираме. Сопругот на Хингис пријави сериозен проблем во нивниот дом поради што моравме да излеземе на терен за да ја решиме ситуацијата – велат од полицијата.
Како што вели Хутин, додека седел во нивниот заеднички стан, дошле Мартина Хингис, нејзината мајка Мелани и нејзиниот партнер Силвио и почнале да го тепаат, по што му ги зеле пасошот и кредитните картички.
Хингис се уште молчи за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.